Интер нуди еден играч во замена за Алексис Санчез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пренесуваат дека од раководството на Интер се подготвени да го понудат Иван Перишиќ на Манчестер Јунајтед во замена за Алексис Санчез.

Хрватот веројатно нема да продолжи перманентно во Баерн минхен и ќе се врати во Интер од каде исто така не го посакуваат.

Конте сака да го задржи Санчез и за таа цел ќе го понуди Иван Перишиќ на Манчестер Јунајтед.

Крилниот фудбалер од Хрватска се поврзуваше со транфер на „Олд Трафорд“ кога тренер на клубот беше Жозе Мурињо, но тогаш Јунајтед не сакаше да издвои 40 милиони евра за неговиот трансфер.

Сега би можело да дојде до трансфер размена меѓу двата тима без ниту еден да плати обесштетување.