Интер објасни зошто не сакаат да играат со Јувентус


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Целосна неизвесност владее во Апенините и може да се шпекулира само кога Серија А ќе продолжи.

Поради епидемијата на коронавирус, различни информации доаѓаат од Италија. Така, фудбалерите на Милан беа подготвени да заминат во Торино за натпреварот во Купот на Италија вчера, но не заминаа затоа што мечот беше одложен.

Минатиот викенд не се одиграа пет натпревари од 26-то коло во Серија А, меѓу кои и дербито Јувентус – Интер, кое беше преместено на 13 мај, а беше избран нов датум во понеделник – 9 март.

Сепак, во миланскиот клуб не сакаат да играат против Јувентус како што планира Серија А. Нероаѕурите се единствените што не се согласуваат со предлогот на Калчо лига, додека Наполи е воздржан.

Интер соопшти дека најпрво треба да го играат мечот против Сампродрија, кој беше закажан за 23. февруари, кој исто така е одложен, а наредниот викенд ќе биде 27-мо коло, според предвиденото.

Инаку, италијанската влада сериозно размислува да ги забрани сите спортски настани за период од 30 дена. Конечната одлука ќе биде донесена во текот на денот. Досега 79 лица починале од коронавируси во Италија.