Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Роберто Манчини повеќе не е тренер на Интер.
Раководството на Нероаѕурите не беше задоволно од начинот на кој играчите ги одработија подготовките и му врачи отказ на тренерот Манчини.
Синоќа челниците на клубот извршија разговор со 51-годишниот стручнак.
Договорен е раскин на договорот, што клубот денеска и потврди.
Манчини така после две години ќе го напушти клубот од Џузепе Меаца, а нов тренер на италијанскиот гигант треба да биде Франк Де Бур.
Ова на Манчини беше втор мандат на клупата на Интер, а ја водеше и екипата на Манчестер Сити.