Интер прави еден од најчудните трансфери летово!?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанскиот гигант Интер во последните часови од летниот преоден рок најверојатно ќе реализира уште еден трансфер.

Робин Госенс пристигна минатата зима во Интер и требаше да биде засилување за иднината, но неговата авантура во Милано би можела да заврши.

Интер мора да продава дел од фудбалерите за да ги среди финансиите, па како што стојат работите во моментов, Госенс ќе биде „жртвено јагне“.

Тренерот Симоне Инѕаги сака уште еден стопер, а изборот одамна падна на Ачерби, а негово ангажирање може да се случи само по продажба на Госенс.

„Нераѕурите“ планираат да го продадат Госенс во Баер Леверкузен за 28 милиони евра, а тоа би било доволно за да не се соочат со финансиски проблеми.