Интер пропуштил шанса да потпише договор со Халанд!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Поранешниот италијански шампион Интер може да жали затоа што не потпишал договор со еден од најдобрите напаѓачи во светот во моментов, Ерлинг Халанд.

Бившиот газда на тимот од Милано, Масимо Морати во интервју призна дека Интер во 2013 година можел да потпише договор со Халанд, кога тој имал само 13 години.

„Марко Бранка за малку ќе ме натераше да потпишеме договор. Тој ми кажа дека Халанд е посебен играч. Можевме да го имаме во Интер“, кажа Морати.

Морати во 2013 година реши да го продаде Интер на Ерик Тохир, па не размислувал многу за иднината на тимот и ангажман на Халанд.

Халанд летово го засили Манчестер сити од Борусија Дортмунд и вкупно постигна 19 гола на 12 меча досега.