Интер сака да го задржи Лукаку уште една година!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ромелу Лукаку не се прослави во финалето на Лигата на шампиони (ЛШ), но имаше добри настапи во Серија А и затоа Интер сака да го задржи уште една сезона.

„Кориере дело Спорт“ објави дека Интер сака да го задржи Лукаку и раководството на тимот се обидува да му ја продолжи соработката.

Челси доби осум милиони евра за позајмицата на Лукаку и целосно покривање на неговата плата, а премиерлигашот сака да го продаде Белгиецот во текот на летниот преоден рок.

Лукаку оваа сезона настапи на 37 меча и притоа постигна 14 гола и седум асистенции за калчолигашот.