Интер сериозно се вклучи во трката за играчот на Тотенхем


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Скај Италија“ пренесува дека од редовите на Интер се вклучиле во трката за ангажман на играчот на Тотенхем, Кристијан Ериксен.

27 годишниот фудбалер ќе биде слободен агент за шест месеци кога неговиот договор со Тотенхем ќе заврши.

Тој веќе ќе може да преговара со тимовите за слободен трансфер во летниот преоден рок, а може да ја промени средината и оваа зима доколку некој клуб издвои 40 милиони евра.

Покрај Интер, за Ериксен сериозен интерес има и од Манчестер Јунајтед и од Реал Мадрид.