Интер со нова понуда до Лукаку, трансферот пред реализација


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот италијански новинар, Џанлука Ди Марцио пренесува дека од таборот на Интер испратиле нова понуда до Ромелу Лукаку.

Според новинарот, ставовите на двете страни полека се приближуваат и наскоро треба да падне и конечен договор.

„Скај Спортс“ пренесува дека од Интер се убедени дека направиле доволно за да го обезбедат потписот на играчот кој цврсто посакува да се пресели на „Меаца“.

Останува нејасно дали Јувентус ќе направи обид во последен момент да го „украде“ Лукаку од Интер, или ќе го остави својот конкурент од Серија А да го обезбеди потписот на Белгиецот.