Интер во еден ден претстави две големи засилувања


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Денешниот ден беше доста раздвижен во Милано каде беа претставени две нови засилувања на тимот на Интер.

Прво, рано утрово беше објавен трансферот на уругвајскиот одбранбен фудбалер, Диего Годин кој се обврза на договор до 2022 година.

Нешто подоцна следеше ангажирање на уште едно засилување кое треба да го подигне квалитетот на играта. Имено, нов фудбалер на клубот е и Валентино Лазаро кој доаѓа од редовите на Херта Берлин.

Лазаро важи за еден од најталентираните фудбалери и со сигурност ќе донесе нов квалитет меѓу Нероазурите.