Интер во Премиер лигата ја пронајде замената за Алексис Санчез


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од редовите на Интер по се изгледа ќе останат подолг период без услугите на Алексис Санчез кој се повреди на репрезентативна должност со Чиле.

Санчез ова лето се пресели во Милано од редовите на Манчестер Јунајтед и кога се чинеше дека се ќе оди според планот затоа што Санчез почна да игра поредовно, офанзивецот заработи тешка повреда на глуждот.

Антонио Конте не седеше со скрстени раце и веднаш ја пронајде замената која ќе се обиде да ја ангажира веќе во јануари. Станува збор за Оливие Жиру кој не може да му фати место на младиот Тами Абрахам во нападот на Челси.