Интер за исплонување на својата желба ќе треба да издвои 30 милиони евра


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Интер наводно ќе мора да собере околу 30 милиони евра доколку сака во јануари да го осигура трансферот за асот на Удинезе, Родриго де Пауло.

Според пишувањето на порталот Calciomercato.com, Интер и понатаму е заинтересиран за Де Пауло, кој, од друга страна не е недопирлив во Удинезе – клубот од Удине е спремен да преговара за неговата продажба.

Неразурите би сакале во зима да ја засилат средината на теренот, а според пишувањето на Calciomercato  „потезите на Де Пауло, техниката и од окото што го има за постигнување на гол“, се главна причина за заинтересираноста на тимот од Милано.

„Можеби ќе имаме проблеми во јануари, Удинезе е клуб кој не може да ги задржи играчите ако стигнат примамливи понуди“, призна спортскиот директор на Удинезе, Перпаоло Марино во разговорот за Радио 21.

Италијанците веруваат дека минимумот на кој Удинезе би се нафатил да го пушти Де Пауло е 30 милиони евра, а Интер можно е да ја спушти цената на тој трансфер доколку понуди некој од своите играчи.

Аргентинскиот везен оваа година има одиграно 10 натпревари за Удинезе во сите натпреварувања и има постигнато еден гол и две асистенции.