Интересно полувреме на Мулину: Патрисио одбрани два пенали, Едерсон доби црвен картон, Сити води (Видео)


Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Доста интересно и многу исполнето прво полувреме можеме да погледнеме на „Мулину“ на средбата помеѓу Вулверхемптон и Манчестер Сити.

Најпрво Едерсон доби црвен картон откако го фаулираше Диого Жота надвор од шеснаесетникот. Гвардиола мораше да менува и да го стави во игра Клаудио Браво кој влезе на местото на Агуеро.

Потоа бешедосуден пенал за Манчестер Сити кој не го реализираше Рахим Стерлинг. Сепак, по најновите правила ВАР процени дека Руи Патрисио се движел пред да биде упатен ударот и поради тоа го одбранил, па пеналот беше повторен.

Сепак и во вториот обид Руи Патрисио му го одбраи пеналот, но топката среќно се одби до Стерлинг кој погоди за водство на Сити.