Интересно пророштво ги демне „Граѓаните“: Ако тој игра, Сити запишува сигурен пораз


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити синоќа запиша пораз од Тотенхем со 1:0 во првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионите.

„Граѓаните“ беа подобар тим во текот на 90. минути игра, но на крајот погодокот на Сон пресуди во овој меч, па Тотенхем во реваншот ќе има предност.

Меѓутоа, Англичаните дојдоа до интересни информации кои покажуваат дека Манчестер Сити не победува, ако од првата минута на мечит почне Фабиан Делф.

„Граѓаните“ оваа сезона се поразени во шест натпревари. Дури пет од нив од првата минута ги почна Делф, а единствено не играше во поразот од Њукасл со 2:1.

Делф очигледно носи лоша карма и поприлично е интересна одлуката на Пеп Гвардиола тој да истрча на теренот, бидејќи оваа сезона не беше стандарден член на екипата и настапи во 20 натпревари во сите натпреварувања.

Сепак, синоќа успеа да им направи проблем на Спарси. Го повреди Хари Кејн и за фантастичниот напаѓач сезоната веројатно е завршена.