Инзаги никогаш посреќен: Прекрасно е чувството Јувентус да го победиш два пати за кратко време


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио вчера го совлада Јувентус и го одбрани трофејот од италијанскиот Суперкуп.

Небесноплавите синоќа покажаа дека се подобри и заслужено победија со 3:1.

“Прекрасно е чувството Јувентус да го победиш два пати за кратко време. Заслужена победа, Сите сме наградени бидејќи веруваме во себе. Победата ја посветувам на сите оние кои беа со мене, посебно во моментите кога не ни одеше”, изјави тренерот на Лацио Симоне Инзаги.

Направи одлични измени и тоа и пресуди при резултатската неизвесност.

“Кој и да е на терен, знам дека ќе даде максумум. Се излезе одлично на крај”, додава Инзаги.

Лацио во Серија А се наоѓа на трето место со 36 освоени бодови, додека Јувентус и Интер имаат по 42.