Ирвинг дебитира за Далас со 24 поени и триумф над Клиперс (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Далас маверикс пред неколку дена се засилија со Кајри Ирвинг, кој имаше успешно деби за новиот тим во мечот против Лос Анџелес Клиперс (110-104).

Лука Дончиќ е повреден и беше надвор од паркетот, но на сцена стапи Ирвинг кој постигна 24 поени, пет асистенции и четири скокови за триумф над големиот ривал.

Во редовите на Клиперс најефикасен беше Пауел со 24 поени, додека Пол Џорџ постигна 20 поени.

Портланд славеше против Голден Стејт со 125-122, а Демијан Лилард постигна 33 поени, 10 скокови и 11 асистенции во триумфот.