Ирвинг погоди преку Јокиќ за победа на Далас (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Далас маверикс славеше со 107-105 против Денвер нагетс со неверојатниот кош на Кајри Ирвинг со звукот на сирената.

Кошаркарите одиграа интересен натпревар кој заврши со среќен крај за Далас. Ирвинг испрати удар преку Никола Јокиќ и во последната секунда донесе победа за неговиот тим.

Лука Дончиќ беше најефикасен на паркетот со 37 поени, додека Ирвинг постигна 24 поени за победничкиот состав. На спротивната страна Мареј постигна 23 поени, а Јокиќ запиша 16 поени.