Иско се обиде да ги понижи Реал Мадрид и Анчелоти, а на крај си пресуди сам на себе!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Иско повеќе не е во плановите на тренерот Карло Анчелоти и се очекува да го напушти Реал Мадрид уште во јануари.

Иско не беше задоволен со неговиот статус во екипата, па реши да го бојкотира клубот и тренерот Анчелоти, но не направи ништо добро со тоа.

Анчелоти му дал наредба на Иско да се загрева на натпреварот против Гранада, кој беше одигран неодамна, но тој одбил и така сам си пресуди на себе.

Иско се обиде на таков начин да го понижи тренерот, кој се налути и го отпиша од екипата, па најверојатно ова е крајот за Шпанецот во екипата.

Шпанецот сезонава настапи на седум меча и постигна еден гол, а член е на гигантот од Мадрид од 2013 година.