Иско се збогуваше од Реал Мадрид со „поздрав“ до Мбапе (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Иско си заминува од Реал Мадрид на крајот на сезоната, откако не доби доволно минутажа кај тренерот Карло Анчелоти.

Иско денеска се збогуваше со навивачите на шпанскиот и европски шампион преку социјалните мрежи, а ја искористи можноста да го „пецне“ Килијан Мбапе.

„Кога бев во Малага и знаев дека треба да си заминам, дадов збор на друг тим. Но, тогаш се јави Реал Мадрид и на нив не можеш да им кажеш – не, иако се покажа дека има исклучоци“, се пошегува Иско на почетокот на неговото збогување.

Мбапе требаше летово да потпише за Реал, но сепак по долги преговори реши да остане во ПСЖ и потпиша договор до 2025 година.