Исполнети се желбите на навивачите: Манчини го напушти Интер! Почнува нова ера – Франк Де Бур!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Не беше лесно, но решение е пронајдено! Останува само да се официјализира приказната околу двата тренери.

Готово е, крај, нема повеќе – Роберто Манчини повеќе не е тренер на Интер!

Вест за која цела Италија бруеше во текот на денот ја доби својата потврда во раните утрински часови, во ноќта меѓу недела и понеделник – Манчини после две турбулентни години ќе го напушти кормилото на Нероаѕурите, иако први не сакаше ни да помисли да замине од клубот кој го сака.

Но, како што јавуваат Скај Спорт, Газета, Спортмедиасет и други влијателни медиуми на Чизмата – до решение дојде.

Иако со недели наназад односот на релација Манчини – управата беше прилично напнат, ситуацијата стана потешка од тој момент кога Интер доживееа вистински дебакл од Тотенхем (1:6) во пријателски меч.

Тогаш претседателот Ерик Тохир и комплетната сопственичка структура, на чело со кинеската компанија Сунинг, бараа од Манчини да поднесе оставкиа.

Во меѓувреме, пред да пукне бруката против Пејачите Манчини одби и продолжување на соработката со Интер, најмногу од причината бидејќи беше лут затоа што клубот не му ги озбезбеди посакуваните засилувања.

Проблем кој најмногу ги мачеше симпатизерите на Интер беше што Манчини не сакаше да го потпише документот за сподобен раскин на соработката, додека клубот немаше намера да му врачи отказ на италијанскиот стручнак.

Бидејќи, така по автомаски ќе се обврзе да му ја исплати комплетната последна година од договорот во висина од 10 милиони евра.

Но, после повеќечасовни, исцрпувачки разговор двете страни компромисно решение е пронајдено.

Манчини потоа ги потпиша сите документи и доби одредена оштета за разделба, но на Интер го остави поголемиот дел на парите, кои ќе можат да го покријат доаѓањето на наредниот тренер – Франк Де Бур!

Холандскиот стручнак, кој е без ангажман откако на крајот на минатата сезона му истече договорот со Ајакс, во завршна фаза е на разговори после што треба да потпише тригодишна соработка со Нероаѕурите.

А после тоа треба моментално да се фрли на средување на екипата, поради тоа што клубот и понатака чека на најголеми засилувања, бидејќи после Евер Банега и Антонио Кандрева чекаат на засилување во одбраната, но и во нападот.

Се чека сега уште и официјална потврда, но јасно е дека желбите на навивачите се исполнети, бидејќи конечно на Манчини ќе го гледаат грбот.