Истанбул ја губи организацијата: Два градови ќе се борат за ЛШ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Европската куќа на фудбалот (УЕФА) донела одлука да му ја одземе организацијата на финалето на Лигата на шампиони (ЛШ) на Истанбул и сега се шпекулира за нова локација.

Познатиот новинар Николо Шира објави на социјалните мрежи дека УЕФА планира да го премести финалето во Лондон или Лисабон, а конечната одлука ќе биде објавена до петок.

Фудбалската асоцијација на Англија (ФА) претходно имаше преговорои за да го премести финалето на „Вембли“, но засега нема конкретни информации.

Исто така, УЕФА наводно се согласила на Турција да ѝ понуди организација на финалето во ЛШ во сезоната 2022/23, иако беше предвидено да се игра во Минхен.

Во финалето оваа сезона ќе се соочат Манчестер сити и Челси, а дуелот се игра на 29 мај.