Истекува времето на Покетино, работата во Тотенхем ја чека Алегри?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Маурисио Покетино и Тотенхем доживеаја нова жешка шлаканица откако денеска претрпеа убедлив пораз од Брајтон со 3:0.

Пред само неколку дена, Тотенхем беше потопен од Баерн Минхен со 7:2, па и со трите примени гола од Брајтон се искачија на десет примени гола во само две средби.

Работата на Маурисио Покетино се уште е стабилна, но Аргентинецот почна да ги троши џокерите од управата на Тотенхем.

Како што пишуваат медиумите во Италија и Англија, Масимилијано Алегри бил подготвен да го преземе Тотенхем во следниот период и токму тој ќе биде главен фаворит за оваа позиција доколку Покетино во некој случај добие отказ.