Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
И тие по патот на Зидан и кој знае, можеби и подоцна и во првиот тим.
Реал Кастиља, вториот тим на славниот Реал не успеа да се врати во Секунда па тренерот Мигуел Рамис доби отказ.
Денеска се појави вест дека двајца поранешни играчи ја превземаат екипата со задача да ја вратат во следната година во втора лига.
Во прашање се Сантијаго Солари и легендарниот Роберто Карлос кој ќе биде назначен за асистент.
За Бразилецот сите се знаат, како тренер по завршувањето на кариерата работеше во Анжи, Сиваспор и Акхисар, а се проба и во лига во Индија каде што беше во улога играч и тренер.
Сантијаго Солари играше за Реал од 2000 до 2005 година, освои европско, светско и две титули шампион на Шпанија, тој не беше „Галактикос“ во вистинска смисла на зборот, ни беше дел од тимот и собра дури 130 настапи за Лос Бланкоси.
Подоцна беше во Интер, а од 2013 година е тренер во младите категории на Реал, сега доби шанса, го повика Карлос па заедно ќе седнат на клупата на вториот тим.
Додуша Карлос сеуште не ја потврди веста, но медиумите тврдат дека е готова работа и дека не може да одбие понуда од пријател од играчките денови.