Историски меч за Дончиќ – постигна 73 поени! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ беше незапирлив во дуелот против Атланта и постигна дури 73 поени со што постави нов клупски рекорд.

Дончиќ си го урна претходниот рекорд од 2022 година кога против Њујорк никс запиша 60 поени.

Словенецот уште во првото полувреме запиша 41 поен, а со тоа го симна од врвот легендарниот Дирк Новицки.

Ѕвездата на Далас маверикс до крајот на мечот го наполни кошот на ривалите и досега повеќе поени од него постигнале само Вил Чемберлејн со 100 и 78, како и Коби Брајант со 81 поен.