Историски момент за Баерн, испратена и порака до играчите!


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Фудбалскиот клуб Баерн од Минхен го продолжи договорот со тренерот Венсан Компани до 2029 година.

Немаше причина да биде поинаку. Во својата прва сезона на клупата на Баерн, ја врати титулата назад на “Алијанц арената” по прилично необична криза во Минхен. Кога пристигна во 2024 од Барнли, потпиша тригодишен договор, а сега е награден со продолжение на истиот.

Интересно, последниот тренер кој добил продолжување на договорот во Минхен е Луис ван Гал во 2010 година, а претходно Омар Хисфелд во 2003 година. Случајот со Ханси Флик беше малку поинаков бидејќи тој беше премостено решение, а потоа доби договор.

Компани ја освои Бундеслигата минатата сезона и Суперкупот оваа сезона, и може да се каже дека сега се еден од подобрите тимови во Европа, што не значи дека така ќе остане.

“Среќен сум и почестен. Би сакал да му се заблагодарам на Баерн за довербата и работната средина за сето што ми дадоа од првиот ден. Чувството е како да сум тука многу подолго и дека клубот го познавам добро. Многу убаво искуство. Почнавме ова прекрасно патување, сега да продолжиме да работиме напорно и да славиме уште поголеми успеси”, изјави Венсан Компани.

“Венсан Компани ни ја врати забавата и жарот назад во Баерн. Под негово водство, тимот порасна, играат доминантен и атрактивен фудбал. Продолжувањето е исто така сигнал и за нашите фудбалери”, рече генералниот директор Јан-Кристијан Дресен.

Токму со таа изјава сакаше на некои играчи за кои се шпекулира дека ќе заминат, како Хари Кејн и Мајкл Олисе, да им порача дека вистинскиот проект е во Минхен и дека договорот го потврдува тоа.