Италија доживеа дебакл, но нема да го отпушти Спалети


Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


Лучано Спалети ќе остане селектор на Италија по разочарувањето на Европското првенство (ЕП) и елиминацијата во осминафиналето на турнирот.

Италија загуби со 0-2 од Швајцарија, а селекторот Спалети доби жестоки критики од јавноста и навивачите побараа отказ.

„Не можам да го вратам времето, се обидувам да гледам само напред. Останувам во репрезентацијата“, кажа Спалети.

Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Италија потврди дека Спалети ќе остане селектор до Светското првенство (СП) во 2026 година.