„Италија ќе го освои ЕВРО, без оглед на противникот во финалето“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Марио Балотели, италијански фудбалер, кој не е повикан на ЕВРО, предвидува дека репрезентацијата на Италија ќе го освои ЕП.

Напаѓачот на Ливерпул пред четири години помогна на Аѕурите да влезат во финалето на Евро.

„Сите се сеќаваат на натпреварот против Германија, кога постигнав два гола на Германија. Не сакам да зборувам за своите голови  и натпреварите од минатото, бидејќи тоа е позади мене. Нормално, убаво е да се потсетам на тоа, но сакам да одам напред после две тешки години. Италија ќе го освои Евро, без оглед со кого ќе игра во финалето“, изјави Балотели.