Италијански новинар откри каде Роналдо планира да ја заврши кариерата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Италијанските медиуми во претходните недели шпекулираа за иднината на Кристијано Роналдо, кој наводно сака да го напушти Јувентус на крајот на сезоната.

Роналдо пристигна во Јувентус пред три години од Реал Мадрид за 100 милиони евра, а тоа беше трансфер кој малкумина го очекуваа.

Јувентус не блеска како во претходните сезони во Лигата на шампиони, а сезонава беа ужасни и во Серија А.

Поради тоа почнаа шпекулациите дека Роналдо ова лето ќе си замине, а Португалецот се поврзуваше со ПСЖ, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Италијанскиот новинар Клаудио Раимонди синоќа гостуваше во една емисија и зборуваше за иднината на Роналдо во Јувентус.

Раимонди порача дека Роналдо ова лето нема да ја напушти „Старата дама“, туку и следната сезона ќе игра во дресот на Јувентус, по што како слободен играч ќе замине од клубот.

Исто така, тој вели дека Роналдо нема да се пресели во ниту еден од гигантите со кои се поврзувам туку Португалецот наводно имал желба кариерата да ја заврши во Спортинг Лисабон, каде што и го почна неговото патување.