Италијански судија суспендиран зашто не се поздрави со помошничка (Видео)

Италијанскиот судија Лука Сачи доби суспензија на еден натпревар затоа што не се поздрави со својата помошничка Франческа Ди Монте на дуелот меѓу Лече и Сасуоло.

Камерата го сними моментот кога Ди Монте тргна да се поздрави со главниот судија, но истиот ја одби и тоа предизвика бурна реакција на јавноста.

„Сексистички гест кој мора да биде осуден. Ова е изненадувачки, затоа што зборуваме за сексизам во едно здружение кое како главна цел постави рушење на родовите бариери“, велат од Здружението на судии.