Италијанските гиганти ќе останат со празни раце: Заниоло ќе игра за Њукасл


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Премиерлигашот Њукасл се вклучи во трката за италијанскиот репрезентативец Николо Заниоло и постои голема шанса да го украде пред италијанските гиганти.

Милан и Јувентус сакаа да го купат Заниоло, но не сакаа да потрошат 50 милиони евра колку што бараше Рома за неговиот потпис.

Овој 23-годишен фудбалер има договор со Рома до 2024 година, но нема преговори за нова соработка и тоа сака да го искористи Њукасл кој може да му понуди повисока плата.

Њукасл подготвил понуда која ќе ја испрати во јануари и се надева дека ќе го добие талентираниот Италијанец пред да потпише за некој друг тим.