Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Црногорскиот тренер Душко Ивановиќ доби отказ од Црвена Звезда, но не чекаше долго да најде нов ангажман и да ја преземе Басконија, каде што работеше и во минатото.
Ивановиќ по новиот ангажман кажа дека бил изненаден од отказот кој му бил даден од управата на српскиот кошаркарски гигант.
„Многу сум среќен што се вратив во Басконија, ова е мој клуб, мој град. Мора да играме со поголема самодоверба и да веруваме во успех. Што се однесува до мојот отказ од Ц. Звезда, не го очекував. Сепак, среќен сум што се враќам во шпанскиот клуб“, кажа Ивановиќ.