Ивановски блесна со гол и асистенција за Динамо Букурешт 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот македонски репрезентативец Мирко Ивановски имаше одличен настап за Динамо Букурешт во победата против Газ Метан од 4-0 и запиша по еден гол и една асистенција.

Ивановски го отвори резултатот со погодок во 21. минута, додека во 77. минута асистираше за да биде потврдена победата од 4-0.

Македонецот пристигна во Динамо Букурешт минатата година откако претходно го напушти Диосѓер, а во кариерата играше уште за Хајдук Сплит, Славен Белупо, Видеотон, Клуж, Астра, Пелистер, Македонија ЃП, Славија Прага и други тимови.