Ивановски ќе се бори за титула на фјучерсот во Скопје


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски славеше со 2-1 во сетови, односно 3-6, 6-2 и 6-2 против Турчинот Ерги Киркин за пласман во финале на фјучерс-турнирот во Скопје.

Киркин ги искористи грешките на Ивановски во првиот сет и го доби со 6-3, по што контролата врз мечот ја презема македонскиот тенисер кој направи два брејка на противнички сервис за да стигне до 6-2 и да израмни на 1-1.

Во третиот сет повторно Ивановски го диктираше темпото и со 6-2 го потврди триумфот и пласманот во финале на фјучерсот во Скопје.