Ивановски потпиша за Петролул

Македонскиот фудбалер Мирко Ивановски потпиша договор со Петролул од Романија, каде што ќе остане во следните две години.

Ивановски во договорот има клаузула да го продолжи на уште една година, а во Петролул доаѓа од екипата на Динамо Букурешт за која постигна четири гола на 27 натпревари.

Македонскиот напаѓач претходно настапуваше за Астра и Клуж во Романија, па запознаен е со романскиот фудбал.