Избодениот бугарски навивач со хеликоптер пренесен во Софија


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бугарски навивач беше избоден со нож пред натпреварот меѓу Шкупи и Левски, а денеска со хеликоптер го префрлија во Бугарија.

Околу 13 часот со санитетско возило беше пренесен до скопскито аеродорм, каде што бил пречекан од бугарски хеликоптер.

„Во добра здравствена состојба се наоѓа Драгомир. Прашање е колку му е потребно болничко лекување, меѓутоа по седум дена успешно лекување кај нас, семејството на пациентот реши тој наредните денови да ги помине во болница во Бугарија“, кажа директорот на „Свети Наум Охридски“.