Изборната трка добива на интензитет: Рикелме објавува нова „бомба“ и жестоко го напаѓа Перез


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Претседателската трка во Реал Мадрид станува сè пожестока, откако кандидатот Енрике Рикелме упати сериозни обвинувања кон актуелниот претседател Флорентино Перез и неговото управување со клубот.

Рикелме во своето обраќање истакна дека самото одржување на изборите веќе донело позитивен ефект, бидејќи според него во јавноста почнале да излегуваат информации за ситуацијата во клубот.

„Овие избори веќе вредеа. Реал Мадрид е во многу сериозна финансиска криза“, изјави Рикелме, додавајќи дека токму преку медиумите јавноста дознала за наводните намери на Перез да размислува за продажба на клубот.

„Благодарение на медиумите, знаеме дека Флорентино Перез сака да го продаде Реал Мадрид“, порача претседателскиот кандидат.