Изгледа дека е готово – Евертон добива врвно засилување


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Карамелите“ конечно го “одврзаа кесето“, на Гудусон стигнува одличен офанзивец.

Делува дека Евертон од потпишување со Јаник Боласи ги дели само неколку формалности, барем според информациите кои ги има влијателниот Скај Спортс.

Последните наводи укажуваат на тоа дека се меѓу клубовите е договорено, и дека Боласи ќе се упати кон Ливерпул, каде што ќе ги изврши медицинските прегледи пред премин во редовите на екипата која од клупата ги предводи Роналд Куман.

Овој трансфер е најавуван веќе некое време, Боласи на стартот од Премиер лигата играше дури во второто полувреме за Палас, што дополнително ги „подгреа“ сомнежите дека може да го напушти Селхурст.

Сепак, ќе сочекаме за клубовите да се огласат по повод трансферот пред донесување на избрзан заклучок.

Ова може да значи и дека од редовите на другиот ливерпулски тим на пат за Пакас ќе замине едне играч, како што е Бентеке веќе некое време на “радарот“ на Пардју кој неодамна изјави дека за Белгиецот “нема пари“.

Тоа со трансферот на Боласи на Гудисон промени, и сосема е реално дека Бентеке Енфилд ќе го замени со Селхурст парк.