Изјавата на Микел Артета ги налути навивачите на Арсенал


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Арсенал се надеваа на заминување на некои играчи на крајот на сезоната, а еден од нив е и Давид Луиз, кој пристигна во Арсенал од Челзи.

Имено, неколку фудбалери, според навивачите на Арсенал, покажуваат многу лоши игри, а еден од нив е бразилецот Луиз.

Сепак, тренерот на Арсенал, Микел Артета не го гледа тоа на тој начин, бидејќи изјави дека се надева дека овој фудбалер ќе го продолжи договорот.

“Јас сум многу среќен со Дејвид Луиз. Сакам да го задржам тука со нас. Тој игра клучна улога од моментот кога пристигнав во клубот”, рече Артета.

Наводно, договорот е многу блиску, а Артета ќе го продолжи договорот на Давид Луиз за уште една сезона, што не им се допаѓа на навивачите на овој клуб.