Изјавата на Роналдо по Лацио го направи поголем во очите на многумина што го обожаваат

Кристијано Роналдо своите рекорди ги нарече „убави“, но сепак го стави својот тим во преден план.

Јувентус синоќа го совлада Лацио со 2:1, а Португалецот ги постигна двата гола за Старата дама, приближувајќи се еден чекор поблизу до титулата и поставувајќи неколку рекорди. Сепак, после сè што направи, Роналдо дава умерени изјави, не сакајќи да се наметне пред своите соиграчи.

“Знаевме дека е многу тежок натпревар против тим кој има одлична сезона зад нив, но исто така знаевме дека е одлична можност да се победи на нашиот стадион. Ние сме многу среќни”, рече Роналдо.

Тој стана првиот играч кој постигна најмалку 50 гола во трите најсилни лиги на светот, а исто така стана и првиот играч кој постигна 50 голови во Серија А. Тој го постигна својот 50-ти гол во 61-от натпревар, додека Милан, Андреј Шевченко, по 68 натпревари стигна до 50 голови.

“Рекордите се секогаш важни, но најважно е тимот да победи. Ние сме феноменален тим и го покажавме тоа денес, иако секогаш сакаме да ги подобриме и поставуваме рекордите”.

Јуве е пред деветтата последователна титула во Серија А, дали сега ќе се фокусираат на ЛШ?

“Останаа уште четири натпревари. Не можеме да тргне наопаку, Серија А има тешка конкуренција и мора да останеме фокусирани, но засега добро работиме”, истакна Португалецот.