Изненадувачки трансфер на Јувентус: Турски репрезентативец нов член на „Старата дама“


Битка на најтрофејните, Роналдо благодарен на Кошта! ↓↓↓


Од таборот на Јувентус во овие моменти го потврдија трансферот на младиот турски фудбалер, Мерих Демирал кој доаѓа од редовите на Сасуоло.

Станува збор за 21 годишен фудбалер кој со Јувентус потпиша петгодишен договор кој ќе му истече на 30 јуни 2024 година.

Демирал доаѓа од Сасуоло за сума од 18 милиони евра која Јувентус треба да ја плати во следните пет години.

Минатата сезона турскиот репрезентативец одигра 14 натпревари во дресот на Сасуоло во првиот дел од сезоната, а потоа беше пратен на позајмица во Аланијаспор каде одигра уште 16 натпревари.