Изненадување во Мадрид: Реал троши 50 милиони евра за засилување од Лондон?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид ова лето ќе направи промени во екипата, а многумина сметаат дека шпанскиот гигант мора да направи промена на генерацијата затоа што голем дел од фудбалерите веќе 10 години се дел од стартниот состав.

Претседателот Флорентино Перез најави голема реконструкција ова лето, па „кралевите“ планираат да купат неколку засилувања.

Приоритет на раководството на тимот ќе биде Килијан Мбапе, кој треба да дојде како слободен фудбалер од ПСЖ, а шпанските медиуми пишуваат дека ќе се случи и трансфер кој ќе ја изненади фудбалската јавност.

Реал, наводно, е заинтересиран за левиот бек на Арсенал, Кјеран Тирни кој би сакале да ангажираат ова лето.

Тирни оваа сезона игра во одлична форма во лондонскиот клуб и привлече интерес од многу тимови.

Арсенал го купи пред три години за 27 милиони евра, а сега „топчиите“ од неговиот трансфер би заработиле околу 50 милиони евра.