Ја шокираше Барселона, па цела Шпанија и наскоро ќе заигра за Гвинеја


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Илаиш Мориба, голем талент од младинската академија на Барселона, стигна по вторпат во центар на внимание на јавноста ова лето.

Мориба неодамна одби да го продолжи договорот со Барселона, а тоа ги изнервира главните луѓе од каталонскиот клуб, па тие го ставија на трансфер-листата.

Потоа следеше уште една одлука од Мориба, која ја шокираше цела Шпанија затоа што не сака да го носи дресот на „црвената фурија“.

Иако настапуваше за младинските категории на Шпанија, Мориба реши да го носи дресот на Гвинеја. Тој е роден во таа земја и се очекува да биде повикан во националниот состав.