Јакимовски му даде 13 поени на Стенфорд: Вашингтон ќе игра полуфинале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вашингтон стејт славеше против Стенфорд со 79-62 и обезбеди пласман во полуфиналето на НЦАА-лигата, а македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски одигра одличен натпревар.

Јакимовски за 37 минути поминати на паркетот постигна 13 поени, а имаше и шест скокови и една асистенција.

Екипата на македонскиот интернационалец во следното коло ќе игра против Колорадо, а мечот е закажан за вечерва од 3.30 часот.