Јакимовски му држеше лекции на синот на Леброн (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вашингтон Стејт славеше против Универзитетот Јужна Калифорнија, а македонскиот кошаркар Андреј Јакимовски повторно беше одличен на паркетот.

Јакимовски постигна 18 поени, како и пет скокови и му одржа лекција на синот на легендарниот Леброн Џејмс.

Брони го заврши мечот за 12 минути со само два поени и дури четири лични грешки, а две од нив беа направени врз Јакимовски.

Вашингтон воедно ја оствари 22. победа и продолжи да ја следи Аризона во борбата за тронот во Конференцијата.