Јап Стам со јасен став: Манчестер Јунајтед мора да го задржи Погба

Јап Стам даде совет до челниците на Манчестер Јунајтед да го задржат францускиот интернационалец, Пол Погба.

Погба долго време се поврзуваше со заминување од Манчестер Јунајтед и трансфер во редовите на Реал Мадрид и Јувентус, но најновата ситуација предизвикана од коронавирусот би можела да го натера и самиот играч да размисли дали да си оди од клубот.

„Би сакал да го видам Пол како останува затоа што тој е екстра квалитетен фудбалер. Луѓето очекуваат многу од него и има многу критики за него. Понекогаш може да кажете дека тоа е фер, но некогаш критиките не се оправдани. Погба е креативец кој сака да игра на свој начин и некогаш треба да му дадете слобода. Ако ги видите Фернандеш, Погба и Скот на средината, мислам дека тоа ќе биде многу интересен среден ред. Погба треба да остане“ –изјави Стам.