„Јас да бев на местото на Солскјер, Роналдо немаше така да реагира!“ 📸


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Јанг Бојс славеше во натпреварот против англискиот гигант Манчестер јунајтед (2-1) во Лигата на шампиони во првото коло од групната фаза.

Кристијано Роналдо беше главен на теренот и постигна гол за Јунајтед, но потоа му помагаше и на Оле Гунар Солскјер покрај аут-линијата, кога се обидуваше да ги мотивира своите соиграчи.

Коментар за потегот на Роналдо даде и Рио Фердинанд.

„Ќе бидам искен. Да бев јас на местото на Солскјер ќе му кажев да седне. Знам дека се работи за страст. Силно сака да победи и не може да се воздржи, но треба да се воздржи“, кажа Фердинанд.

А нешто слично кажа и Питер Крауч.

„Сигурно би му кажал да седне. Но, тој е Кристијано и ќе го оставиме да прави што сака“, изјави Крауч.