Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Фудбалерите на Шпанија изминатата вечер беа поразени од репрезентацијата на Хрватска со резултат 2:1.
Еден од клучните моменти на натпреварот се случи во 72 минута кога голманот на Хрватска, Даниел Субашиќ го одбрани пеналот на Серхио Рамос.
Играчот од средината на Шпанија, Андрес Иниеста, порача дека тој сакал да го изведе пеналот, но Рамос бил сигурен дека ќе постигне гол, па му го препуштил на него.
“Тргнав да го изведам тој пенал, но Рамос беше сигурен дека нема да промаши. Самодовербата е многу важна кога зборуваме за пеналите. За наша несреќа ние промашивме”.
“Никогаш не е убаво кога ќе изгубите, но ние ќе продолжиме да се бориме. Овие работи се случуваат и сега мораме да се спремиме за натпреварот против Италија во осминафиналето”– изјави Рамос.