Јокиќ е лидер во трката за МВП

Српскиот кошаркар Никола Јокиќ го презема првото место од Џоел Ембид во трката за МВП во регуларниот дел од сезоната.

Јокиќ минатата сезона со Денвер нагетс стана шампион во НБА-лигата, а оваа година продолжи со одличните резултати и затоа е фаворит за признанието.

Србинот минатата ноќ постигна нов трипл-дабл во лигата со 27 поени, 22 скокови и 12 асистенции.

Ембид поради неиграњето падна до третата позиција во трката, откако го премина и Шеј Гилџус Александер.