Јокиќ и Нагетс пред елиминација? Не грижете се, сето тоа е дел од планот!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Денвер Нагетс веќе напишаа историја, тие се вратија во првите две кола од плејофот од 1:3, врзаа три победи против Јута и Клиперс кога беа отпишани и стигнаа до големото финале и средбата со Лејкерс.

И погледнете ги чудата, Леброн Џејмс и соиграчите сега водат со 3-1 против тимот на Колорадо.

Сепак, овојпат ситуацијата е поинаква. Ако сите мислеа дека ќе испаднат од Јута, а потоа дефинитивно од Клиперс, сега никој не се сомнева во можноста играчите на Мајк Мелоун да може да се врати од речиси невозможна ситуација.

Четвртиот натпревар им припадна на Лејкерси, но повторно беше близу и неизвесен до самиот крај, разликата е во тоа што овојпат Никола Јокиќ одигра лош натпревар.

Тоа сигурно нема да се повтори на натпреварот број пет, а доколку Нагетс го добијат тој натпревар и останат во серијата, психолошки дефинитивно ќе се најдат во предност, поради начинот на кој се пласираа во финалето на плејофот.

Нагетс повторно е во безизлезна ситуација, докажаа дека најдобро се снаоѓаат кога ќе бидат турнати до ѕидот, а како што пишуваат навивачите на социјалните мрежи, се чини дека сето тоа е дел од планот.