Јокиќ ќе го освојува кинескиот пазар!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Српскиот кошаркар Никола Јокиќ се разочарал од „Најк“ и го раскинал договорот со американската компанија, но веднаш потоа постигнал соработка со кинескиот бренд „361 Дегрис“.

Јокиќ остана единствениот МВП-кошаркар од НБА-лигата кој нема сопствена линија на патики, а раководството на „Најк“ му соопшти дека нема да направи такво нешто за него и тоа предизвика да се раскине договорот.

Србинот на тренинг веќе се појави со патики од кинескиот бренд, а вчера заигра и на мечот на Денвер нагетс откако официјално ја прекина соработката со американската компанија.