Јокиќ се фати за глава кога ја виде статистиката на ривалот, а сега се соочува и со казна?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голема прашина се крена во НБА-лигата поради судискиот критериум на мечот меѓу Њу Орлеанс и Денвер (113-108), а српскиот центар Никола Јокиќ беше изненаден по натпревар кога дозна дека противничкиот тим имал 20 слободни фрлања повеќе од нив.

Јокиќ пред камерите кажа дека тоа го решило победникот на натпреварот и поради тоа би можел да се соочи со казна.

„Па тие имаа 30 слободни фрлања? Затоа го загубивме натпреварот“, кажа разочараниот српски кошаркар.

Јокиќ на теренот мина 35 минути, а притоа постигна 29 поени, 10 скокови и 10 асистенции, но не изведе ниту едно слободно фрлање.